Покер Правила и Стратегии за Македонски Играчи 2024
Топ Онлајн Казина во Македонија во 2024
-
🔥 НАЈДОБРО ОЦЕНЕТО КАЗИНО
22Bet Казино
Бонус
100% до 18,000 MKD
-
НОВО
National Казино
Бонус
100% до 100€ + 100 FS
-
ПОПУЛАРНО
Spinline
Бонус
До 2,000€+800 Спинови
-
Hellspin Казино
Бонус
100% до 400€ + 150 FS
-
Vulkan Vegas Казино
Бонус
до €1500 + 150 FS
-
Mozzart Казино
Бонус
100 FS
-
Nine Казино
Бонус
100% до 450€ + 250 FS
-
20Bet Казино
Бонус
100% до 100€ + 120 FS
-
Bdmbet Казино
Бонус
100% до €450 + 250 FS
-
Исплата
До 15 минути за крипто и до 2 работни дена за банкарски трансфер
-
Играј
5,800+
-
Време на повлекување
96,8%
-
-
Sapphirebet Казино
Бонус
до €1500 + 150 FS
-
Исплата
До 15 минути во речиси сите случаи
-
Играј
7,000+
-
Време на повлекување
96,4%
-
-
Lazybar Казино
Бонус
До 450€+250 Спинови
-
Ritzo Казино
Бонус
До 1,000€+300 Спинови
-
Ivibet Казино
Бонус
100% до 300€ + 170 FS
-
Детална Рецензија на BetOnRed Казино Македонија (2024) | Дали е Легално и Какви Бонуси Нуди?
Бонус
100% до 450€ + 250 FS
-
PariPesa Казино
Бонус
100% до 5200 MKD
-
Историја на Покерот
Игри со карти слични на покерот постоеле уште од античко време и средновековието. Сепак, тоа што денес го нарекуваме покер се појавило во раниот 19-ти век во САД. Интересно, првите верзии на покер користеле шпилови со 20 карти и вклучувале четири играчи кои се обложувале со раце составени од пет карти.
Подоцна се појавиле и други верзии на оваа игра кои се играле најпрво по салуните, па во физички казина, а денес и во онлајн казина.
Основи на Покерот
Без оглед на варијантата која сте ја одбрале, целта во покерот е да имате најдобра комбинација на 5 карти од сите учесници. Доколку успеете, го добивате потот (сите пари вложени за таа рака).
Секако, покрај ова, основите на покер играта вклучуваат и разбирање на вредноста на покер рацете како и опциите за обложување. Повеќе за овие две работи подолу во нашиот водич.
Рангирање на Покер Раце (од најсилни до најслаби)
-
Ројал флеш (Royal flush)
Најсилната комбинација во покер. Пет карти со ист знак наредени по ред од Ас до 10.
-
Скала во боја (Straight flush)
Слично на ројал флеш, со тоа што картите не мора да бидат подредени од Ас до 10.
-
4 исти карти (Four-of-a-kind)
Четири карти од ист вид – на пример четири кралеви со различни знаци.
-
Фул (Full House)
Три карти од ист вид комбинирани со две карти од ист вид (различен од трилингот).
-
Боја (Flush)
Пет карти со ист знак, но не се подредени по ред.
-
Скала/Кент (Straight)
Пет карти подредени по ред кои не мора да се со ист знак.
-
Трилинг (Three-of-a-kind)
Три карти од ист вид комбинирани со две други карти кои не се пар.
-
Два пара
Две комбинации со парови кои се од ист вид.
-
Еден пар
Две карти од ист вид.
-
Висока карта
Доколку немате ниту една од погорните комбинации, највисоката карта го одредува победникот.
Опции за обложување
Без разлика на варијаната која сте ја одбрале, и покер онлајн казино сајтот кој го користите, може да очекувате неколку опции за обложување.
-
Чек (Check)
Доколку никој пред вас не вложил ништо во потот, тогаш имате можност да чекирате. Ова значи дека не давате никаков влог, го препуштате потегот на следниот играч и останувате во раката.
-
Влог/Облог (Bet)
Доколку никој пред вас не дал влог, вие може да го направите тоа самите. На пример, може да ставите влог од 100 денари преку чиповите. Оние кои ќе сакаат да продолжат да играат ќе мора да го пратат вашиот облог и да стават иста сума преку чиповите.
-
Следи (Call)
Во случај некој пред вас да приложил влог, може да го следите. Едноставно ставете иста сума во потот како и тој.
-
Зголеми (Raise)
Постои и можност да го зголемите влогот. На пример, ако некој вложи 100 денари, а следни на ред сте вие, тогаш може да го подигнете влогот на 200 денари. Доколку некој не сака да доплати, тогаш испаѓа од таа рака без да му бидат вратени претходно вложените пари.
-
Откажи (Fold)
Доколку не сакате да продолжите, можете да се откажете и да ја напуштите рундата. Запомнете дека ќе ги изгубите парите доколку имате вложени пари во таа рунда.
Петте заеднички карти во покер
Кога играте онлајн покер, многу е веројатно дека ќе наидете на една од варијантите на оваа игра кои вклучуваат заеднички карти. Една од најпознатите меѓу нив е Тексас Холдем, но постојат и многу други каде ќе најдете пет заеднички карти. За многумина, овие варијанти се меѓу највозбудливите.
Доколку се решите да играте ваква игра, треба да ги знаете основните фази во секоја рунда.
-
Пред флоп (Preflop)
Пред флопот е всушност првичната рунда на обложување која се случува пред да се открие било која заедничка карта. Секој играч добива две затворени карти кои може да ги види само тој во оваа фаза. Играчите може да слетат, зголемат или да се откажат.
-
Флоп (Flop)
По пред флоп фазата, следува флопот односно откривање на три од петте заеднички карти кои може да ги користат сите играчи. Следува уште еден круг на обложување.
-
Т’рн (Turn)
Откако ќе заврши флоп фазата, следува т’рн фазата во која се открива уште една (четвртата) заедничка карта. Секако, играчите добиваат уште една шанса за обложување.
-
Ривер (River)
Откривањето на последната заедничка карта е познато како ривер. Тука работите им стануваат малку појасни на играчите пред да ја донесат конечната одлука дали ќе следат, зголемат или ќе се откажат.
Популарни Покер Варијанти
Со оглед на тоа што оваа игра со карти постои околу двеста години, не е изненадување тоа што постојат многу варијанти од неа. Секој сајт кој себеси се нарекува најдобра покер онлајн казино опција треба да има барем неколку варијанти.
Пример за ваков сајт е Playamo. Во ова онлајн казино, играчите ќе најдат повеќе варијанти на покер и тоа не само софтверски верзии туку и во казино во живо.
Секако, овие игри имаат многу заеднички елементи, но и специјални правила кои ги прават поинакви и интересни. Да видиме што нудат најпопуларните меѓу нив.
-
Тексас Холдем (Texas Hold ‘em)
Речиси секое покер казино ќе ви даде шанса да играте Тексас Холдем. Ова е најпопуларната варијанта на покер позната по својата едноставност и можност за примени на стратегии. Се игра со пет заеднички карти, а секој играч добива две затворени карти.
-
Омаха (Omaha)
Омаха покер не е многу различен од Тексас Холдем. Сепак, тука играчите може да очекуваат четири затворени карти и три заеднички карти. Оваа поставеност бара покомплексни стратегии за победа поради големиот број можни исходи.
-
Стад со Седум Карти (Seven-Card Stud)
Можеби ќе ви треба време да најдете стад со седум карти во покер онлајн казино во 2024, но ваквата потрага дефинитивно се исплати. Во оваа верзија, очекувајте три затворени и четири отворени карти за секој играч. По делењето на секоја карта, играчите можат да задржат или побараат замена на сите или дел од картите.
-
Дро со Пет Карти (Five-Card Draw)
Топло ја препорачуваме дро со пет карти покер варијантата на сите почетници. Како што можеби претпоставивте, тука на секој играч му се доделуваат пет затворени карти. Тие можат да побараат замена и да влечат (дро) нови карти за да ја подобрат раката.
-
Други варијанти
Најдобрите онлајн покер сајтови ќе ви понудат и некои помалку познати варијанти од оваа игра со карти.На пример HORSE е популарна опција со измешан формат кој ротира мешу Холдем, Омаха, Раз, Стад со седум карти и Eight-or-Better (Осум или подобро).
Останати популарни варијанти вклучуваат кинески покер, карипски покер, ананас покер итн.
Топ Совети за да Добиете Најмногу во Покер Играта
Среќата игра голема улога кога играте онлајн покер. Сепак, за разлика од некои други игри, како да речеме слот игрите, покерот бара и одредено знаење и вештини за успех. Затоа решивме да споделиме неколку совети кои може да ги вклопите во сите стратегии за покер и да добиете најмногу од оваа игра.
-
Совладајте ги основите
Ова треба да биде прво правило во секоја покер стратегија. Запознајте се со сите правила за покер, дознајте како функционираат рангирањата на рацете и научете ги посебностите на специфичната варијанта на покер која сте ја избрале. Без совладување на основите не може да очекувате носење на правилни одлуки.
-
Бидете трпеливи
Покерот е и игра на трпение. Ваша задача е да чекате силни раце и само во тие моменти да вложите повеќе чипови. Немојте да носите избрзани одлуки или пак да паднете во искуѓение да играте на слаби раце. Ова е особено важно во првичните фази.
-
Набљудувајте ги противниците
Едно од основните правила за покер, односно за успех во оваа игра, е да ги набљудувате противниците. Вие треба да бидете особено внимателни во поглед на стилот на играње, навиките на играчите како и нивните склоности. Потребно е да ја прилагодите вашата стратегија врз основа на она што сте го забележиле и да ги искористите нивните слабости а истовремено да се штитите против нивните предности.
-
Научете кога да се откажете
Сите најдобри казина за покер ви нудат варијанти кои овозможуваат откажување во одреден момент. Ваше е да препознаете кога вашите раце се слаби и соодветни за откажување. Немојте да бркате загуби или пак да вложувате премногу во раце кои немаат реални шанси за подобрување.
-
Бидете непредвидливи
Еден од најинтересните совети за онлајн покер кој може да ги добиете е да бидете непредвидливи. Менувајте го стилот на играње, користете облози со различни вредности, зголемувајте ги облозите во различни фази итн. На овој начин ќе ги збуните противниците, а со тоа ќе им биде потешко да знаат какви карти имате во вашата рака.
-
Искористете го бонусот
Многу онлајн казина нудат бонуси кои ги покриваат и покер насловите. Затоа, играјте покер со бонус за казино играчи кои ги вклучуваат и овие игри. Така ќе добиете дополнителни средства кои ќе ви дадат шанса за заработка. Ова е добар начин да се пробаат и помалку познати наслови без да ризикувате ваши пари.
ЧПП
Дилер копчето врти обратно од сказалките на часовникот на масата после секоја рака и го означува играчот кој е назначен формално за дилер во таа рунда. Двајцата играчи од левата страна на дилерот ставаат блајндови. Ова се принудни облози.
Кога играчот влегува ол-ин во рундата, тоа значи дека се обложува со сите преостанати чипови кои ги има. Во таква ситуација, останатите играчи продолжуваат да се обложуваат меѓусебно се до последната рака.
Блефирањето е еден од клучните аспекти на играње покер, но треба да се користи внимателно. Со вашите потези треба да го намамите противникот да изигра онака како што ви одговара на вас. Постојат различни тактики на блефирање за покер во живо и онлајн покер.
Бај-ин е израз кој се користи за износот кој се плаќа за учество на покер турнир. Најчесто со нив добивате почетни чипови. Некои турнири ви нудат повторно плаќање или додатоци за зголемување на почетните чипови.